Тренерот на Интер Антонио Конте рекол дека е импресиониран од она што го покажува иван Перишиќ. Покрај Перишиќ, Конте го пофалил и новиот играч Артуео Видал. Перишиќ минатата сезона ја мина во Баерн, додека Видал минатата недела пристигна во Интер од Барселона.
Перишиќ во 2015 година пристигна во Интер од Волфсбург, мината сезона не се вклопи в формацијата на конте поради што беше испратен на позајмица во Минхен. Со Баерн ја освои тројната круна.
Медиумите го поврзуваа со Манчестер Јунајтед и ПСЖ меѓутоа тој ќе остане во Интер.
„Среќен сум поради Иван, имаше неверојатно искуство со Баерн, освои три трофеи. Сега се врати кај нас со голема решителност да игра за Интер. Среќен сум што гледам таква желба кај него. Кога постои ентузијазам и на тренерот му е полесно“, рекол Конте.
Интер во преодниот рок се засили со Артуро Вида, Александар Коларов и Ашраф Хакими.
„Видал е во добра физичка форма, тактички знае што го очекува бидејќи веќе има работено со мене, сепак работиме на некои нови работи во однос на минатото. Добро се вклопи, тој е паметен играч со победнички менталитет. Може да игра на повеќе позиции“, заклучил Конте.