Антонио Конте останува на своето околу малата минутажа која му ја пружа на данскиот фудбалер, Кристијан Ериксен, велејќи дека тој го прави најдоброто за Интер, а не за индивидуални фудбалери.
Поранешната ѕвезда на Тотенхем пристигна во Интер во јануари 2019, но никогаш не ја освои симпатијата на Конте и може да замине од тимот веќе во јануарскиот преоден рок доколку ситуацијата не се смени.
„Фудбалерите мораат да бидат функционални според идејата и проектот за да се биде конкурентен на национално и интернационално ниво. Модерниот фудбалер мора да е силен, брз и постојан, а ако веќе си дошол во клуб како Интер, мораш да имаш техника. Тренерите никогаш не се задоволни, секогаш постои ситуација која може да се поправи, работа која мора да се покрие поинаку, така што постојано мора да се мисли на доброто на клубот, а не на персоналните проблеми“, вели Конте.
Тој вели дека сите несогласувања со претседателот Стивен Жанг по заканите за заминување од клубот се решени.
„Жанг е екстремно подготвен, посветен човек, кој исто така е неверојатно искрен. Интер е дел од неговиот живот и дури кога мора да се врати во Кина, ја чувствуваме неговата поддршка. Клубот доаѓа на прво место и тоа ни е јасно на сите“, додава тренерот.