Top Sport

Конте за малку физички ќе се пресметал со судијата

Според „Ла газета дело спорт“, тренерот на Интер Антонио Конте може да добие подолга суспензија откако за малку физички ќе се пресметал со судијата Фабио Мареска во тунелот на „Дачија арената“ каде што Удинезе и Интер одиграа реми без голови.

„Имавме несогласувања околу бројот на дополнителни минути. Мислев дека четири минути не се доволно со оглед на тоа што се случуваше на теренот. Тогаш судијата ја направи својата одлука и моравме да ја прифатиме“, изјави Конте по мечот во кој тој и тимскиот менаџер Леле Оријали добија црвени картони.

Според италијанските медиуми, расправијата продолжила во тунелот на стадионот, каде што за малку ќе дошло и до физичка пресметка и морале да интервенираат неколку играчи на Интер, така што е веројатно тој да добие повеќе од еден меч казна.

Scroll to Top