Top Sport

УФЦ: Бизарен крај во Абу Даби – Родригез „двапати“ мораше да ја нокаутира Рибас

ММА фановите го критикуваа судијата Херб Дин по бизарниот крај на мечот во сламка категорија помеѓу Аманда Рибас и Марина Родригез на УФЦ 257 во Абу Даби.

Родригез успеа да ја изненади својата бразилска сонародничка со технички нокаут во втората рунда, но главна „ѕвезда“ сакаше да биде судијата Дин. Родригез ја прати Рибас на подот по 30 секунди во втората рунда, и кога почна да слави, судијата реши да го продолжи мечот, по што Родригез мораше да упати уште една низа удари пред мечот да биде прекинат.

Многумина сметаа дека со ова се ризикува сериозна повреда на Рибас, за која ова е прв пораз во УФЦ октагонот по четири победи. За Родригез ова е победа по пораз и реми во последните два меча.

Scroll to Top