Top Sport

Конте жали за Италија, но не сака да е селектор

Антонио Конте ја отфрли можноста да ја преземе селекторската позиција на Италија по неуспехот да се квалификуваат на СП во Русија и отказот на Џампјеро Вентура.

48-годишниот менаџер на Челси вели дека е фокусиран на својот тим, иако претходно две години беше селектор на Италија.

„Засега сум фокусиран да ја завршам најдобро работата со Челси и да направам добра структура. Имаме добра база, лани ја освоивме титулата, но не чека многу работа. Чувствата ми се исти како на сите Италијанци. Прво сум многу тажен. Ова е голема пречка за движењето на фудбалот во Италија. По 60 години не одите на СП. Знаете колку е важен фудбалот во Италија.  Сите се заинтересирани за фудбалот. Ова не е вина на еден или двајца. Ако не најдете селектор кој ќе може да промени нешто во структурата, тогаш тој не е доволен“, изјави Конте.

Scroll to Top