Top Sport

Мурињо бесен: Фил Џонс добил шест инјекции за да настапи за Англија

Жозе Мурињо се налути на англиската Фудбалска асоцијација (ФА) и посебно на нивниот медицински тим откако дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Фил Џонс добил шест инјекции пред пријателскиот меч со Германија, но одигра само 25 минути пред да добие повреда на бутниот мускул.

Португалецот тврди дека зборувал и со селекторот Гарет Саутгејт за „невиденото“ однесување.

„Јас сум менаџер од 2000 и во овие 17 години ниту еднаш не сум видел такво нешто – некој да добива инјекции со анестетици да игра пријателски натпревар. Никогаш! Не сум ангел и моите играчи добивале инјекции за официјалните мечеви, но тоа биле клучни мечеви, а не пријателски. По само 25 минути Фил беше повреден. Тоа го кажувам како факт“, вели Мурињо.

Scroll to Top