Интер и ПСЖ, во неделата, го заклучија трансферот на Мауро Икарди. Интер заработи 58 милиони евра од продажбата на аргентинскиот напаѓач.
Во Италија веќе знаат каде Интер ќе ги потроши парите што ги заработи од Икарди. „Газате дело Спорт“ тврди дека Интер на Бреша ќе и понуди 40 милиони евра за Сандро Тонали.
„Новиот Пирло“ е интересен за неколку врвни европски клубови, а самиот неодамна изјави дека е навивач на Интер.
Прашање е само дали претседателот на Бреша Масимо Челино ќе ја прифати оваа сума бидејќи минатиот месец порача дека Тонали може да замине само за 60 милиони евра.
Сандро Тонали сезонава во Серија А има одиграно 23 натпревари.