Top Sport

Конте: Знам дека морам да го „заработам“ новиот договор со Тотенхем

И покрај шпекулациите кои ги поврзуваат со враќање на клупата на Јувентус, Антонио Конте е посветен на Тотенхем и вели дека мора да „заработи“ нов договор со лондонскиот клуб.

Италијанскиот стратег е под договор со Тотенхем до јуни 2023 година и денеска беше запрашан дали е подготвен да се врати во Италија.

„Сите знаат дека договорот ми завршува во јуни. До тој момент, клубот треба да направи најдобра проценка што може. Мислам дека секој мора да го заработи својот договор и ќе биде важно да видиме што ќе се случи до крајот на сезоната и дали сме задоволни од направениот прогрес. Од моја страна, важно е да се чувствувам дека сум го заслужил договорот. Кога ќе почнете пат со одреден тим, сонот е да се остане долго време и да се направи нешто значајно“, вели Конте, кој потпиша само 18-месечен договор со Тотенхем во ноември 2021 година.

Scroll to Top