Top Sport

Тен Хаг не го дава Ван де Бек: Или ќе се „најде“ тука, или одиме понатаму

Манчестер јунајтед не планираат да го пратат на позајмица Дони ван де Бек во текот на јануарскиот преоден рок, откако менаџерот Ерик Тен Хаг оцени дека таков потег „нема смисла“.

Холандскиот репрезентативец продолжува со фрустрирачкиот престој на „Олд Трафорд“, а минатата сезона половина година помина во Евертон.

„Позајмица нема смисла. Или ќе се најде и ќе се докаже во оваа атмосфера или ќе си оди, но за мене уште има начин тој да се врати. Има перспектива за него, но конкуренцијата во Манчестер јунајтед е навистина силна. Тој игра добро позиционо и бев задоволен од тоа што го видов во последните мечеви, но гледам не се запиша на листата на стрелци, ниту асистенти. Може многу подобро, сум го видел тоа во минатото“, вели Тен Хаг, кој работеше со Ван де Бек во Ајакс.

Scroll to Top