Контроверзи го проследија извлекувањето на осмина-финалните двојки во Лигата на шампионите.
Ждрепката се одржа во Нион, Џорџо Маркети ги извлекуваше неносителите, кои се домаќини во првите натпревари, а противниците им ги „делеше“, Андреј Аршавин.
Аршавин за противник на Виљареал му го додели Манчестер јунајтед. Според правилата дуелот на овие два тима е невозможен, бидејќи играа во групата. Наместо Јунајтед, Виљареал за противник го доби Манчестер сити.
It definitely looks like #mufc’s ball – in the second pot from the right, back row – was not included in the Atletico Madrid draw. pic.twitter.com/ubxQHdjkQV
— Mark Critchley (@mjcritchley) December 13, 2021
Вториот голем кикс УЕФА го направи кога Атлетико Мадрид го доби својот притивник во осмина-финалето. Во групата на тимови со кои можеше да игра Атлетико, не беше ставено топчето со името на Манчестер јунајтед.
Tell me how this isn't rigged.. Absolute joke!! pic.twitter.com/F5NNaLfyBY
— Aidan Walsh ? (@AidanWalshMUFC) December 13, 2021