Англискиот судија Мајк Дин по завршувањето на сезоната ќе стави крај на кариерата, тврди британскиот сервис Би-би-си.
Дин веројатно е најомразениот фудбалски судија во историјата. Дебитирал во Премиер лигата во 2000 година.
Кариерата му е обележана со голем број на контроверзни одлуки и расправии со тренерите, кои често имале многу примедби на неговите одлуки.
Најконтроверзен меч во неговата кариера, како што пишува Би-би-си е финалето во ФА купот во 2008 година. Познат е како судија, кој со голем број на жолти картони знаел да го држи натпреварот под контрола.
Во историјата влезе како прв судија кој ја минал границата од 100 покажани црвени картони во кариерата. Оваа сезона судел 19 натпревари, покажал два црвени картони.
Би-би-си наведува дека Дин би можел да ја продолжи кариерата како ВАР судија.