Top Sport

Контроверзно 2:2 реми на Наполи со Аталанта, Анчелоти доби црвен картон (видео)

Наполи двапати имаше предност, но на крајот мораше да се задоволи само со 2:2 реми против расположената Аталанта, второ реми во низа за тимот на Карло Анчелоти, кој полека го губи ритамот со Јувентус и Интер.

Никола Максимовиќ им донесе водство на „Партенопеи“ уште во 16. минута од мечот, но Аталанта во 41. минута од мечот успеа да израмни Ремо Фројлер. Аркадијуш Милик повторно донесе водство за домаќините во 71. минута од мечот, по што следуваше најконтроверзниот момент на мечот.

Јосип Иличиќ во 86. минута ги постави конечните 2:2 по контроверзна акција, откако претходно Кјер го „нокаутираше“ Љоренте во шестнаесетникот на Аталанта, а судијата не покажа ништо, исто како и ВАР-системот. Карло Анчелоти ги загуби нервите и доби црвен картон.

Аталанта останува на импресивното трето место во Серија А со 21 поен, два помалку од второпласираниот Јувентус (со меч помалку) и четири зад лидерот Интер, додека Наполи се четврти со 18 поени.

Scroll to Top