Дуелот на Џенова и Наполи, двата клуба во кои настапуваат македонски репрезентативци заврши со победа на гостите од 1:2, откако на „Мараси“ контроверно му беше поништен гол на Горан Пандев, кој се судри со Елиф Елмас во дресот на Наполи, кој беше стартер за Лучано Спалети.
Фабијан Руиз ги донесе Наполи во водство во 39. минута, пред во 54. минута, Горан Пандев да постигне убав гол, кој беше поништен поради претходен сомнителен фаул над голманот на Наполи, Алекс Мерет. Младиот напаѓач на Џенова, Андреа Камбијасо, сепак, израмни во 69. минута, пред Андреа Петања во 84. минута да ги однесе трите поени во Неапол.
Ова е втор пораз за Џенова во првите две кола, додека Наполи има две победи. Во вториот попладневен меч во Италија, Сампдорија и Сасуоло одиграа реми без голови.
Pandev ⚽?❌??♂️#GenoaNapoli #ItalianoFoxSports #SerieA
— Mídia Bola (@MidiaBola) August 29, 2021