Шкотскиот фудбалски великан, Глазгов Ренџерс има нови сопственици. Конзорциум од Соединетите Американски Држави, кој е сопственик и на НФЛ тимот Сан Франциско Фортинајнерс, го презеде управувањето со „полицајците“. Новото раководство презеде 51 процент од сопственоста, а сè беше потврдено откако Фудбалската асоцијација на Шкотска даде зелено светло.
Ендру Кавено станува ќе биде новиот претседател на клубот „Ајброкс“, додека Параг Марат, претседател на Лидс, ќе биде потпретседател на Ренџерс. Клубот веднаш нагласи дека оваа аквизиција не е дел мулти клуб модел, иако врските со Лидс се очигледни.
За крајот на јуни е планирано и вонредно Собрание, на кое ќе се потврди нова емисија на акции преку која американските инвеститори ќе инвестираат 20 милиони фунти, главно наменети за засилувања во обид да го симнат од тронот Селтик.
Дел од парите веќе се искористени за откуп на акциите на поранешните претседатели Дејв Кинг и Џон Бенет.
„Конзорциумот усвојува нова стратегија што ќе им даде приоритет на перформансите на теренот и финансиската одржливост“, соопшти клубот.
Во тој процес, Ренџерс ќе преминат од јавна во приватна компанија.