Top Sport

Копа Америка 2019: Катарците извлекоа реми со Парагвај (видео)

„Гостите“ на Копа Америка, Катар успеаја да стигнат до 2:2 реми против Парагвај на прекрасната „Маракана“ во Рио де Жанеиро, откако до 68. минута губеа со 2:0 во меч од групата Б, каде што вчера Колумбија со 2:0 беше подобра од Аргентина.

Парагвајците стигнаа до рано водство откако Мигуел играше со рака во својот шестнаесетник, а ветеранот Оскар Кардозо го совлада Ал Шиб од белата точка. По ова, Катар доминираше во играта и во поседот на топката во првото полувреме, а само што почна второто полувреме, Парагвајците зголемина на 2:0 откако во 56. минута, Дерлис Гонзалез постигна фантастичен гол од 25 метри.

Меѓутоа, актуелните азиски шампиони и домаќини на следното СП во 2022 година, покажаа дека не се тим за потценување. Во 68. минута, Салман му даде одлична топка на Али, кој постигна прекрасен гол за 2:1. Во 77. минута стигна и израмнувањето, откако по една лоша интервенција на одбраната на Парагвај, ударот на Хухи беше одбранет, а Рохас ја смести топката во сопствената мрежа.

Scroll to Top