Италијанските медиуми тврдат дека првиот фудбал во Италија по пандемијата на корона вирусот ќе бидат реваншите од полуфиналето на Копа Италија на 27 и 28 мај, по што неколку дена подоцна би се вратила и Серија А.
Овој заклучок доаѓа по низата видео-состаноци кои беа оддржани вчера, и се тврди дека тренинзите ќе продолжат по крајот на „карантинот“ на 4 мај, под детална контрола на фудбалерите под водство на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).
Првите мечеви од полуфиналето на Копа Италија веќе се одиграни – Милан и Јувентус одиграа 1:1, додека Наполи победи со 1:0 кај Интер. Со старт со натпреварите од купот, другите клубови ќе добијат шанса да се подготват за рестарт на лигата на 30 и 31 мај, а во исто време цела Италија ќе добие шанса да гледа фудбал, бидејќи правата за Копа Италија ги има националната телевизија РАИ.
Според овој план, сезоната 2019/20 во Серија А би завршила од средината на јули до 2 август со мечеви на секои три дена.