Реванш натпреварот помеѓу Сантос и Индепендиенте, одигран во Сао Паоло одигран во рамките на осмина-финалето во Копа Либертадорес, не го дочека својот крај. Поради инцидентите што ги предизвикале домашните навивачи, дуелот е прекинат при резултат 0:0, во 81.минута.
Навивачите на Сантос со пиротехника фрлале кон клупата на гостите, а потоа и се обиделе да влезат на теренот, поради што чилеанскиот судија Баскунан, морал да го прекина натпреварот.
Брзата полициска интервенција, чии припадници употребиле пендреци, ги спречила домашните хулигани да влезат на теренот. Неколкумина што успеале да стигнат до теренот биле уапсени.
На трибините имало и повредени, а неколкумина што биле прободени со остри предмети биле хоспитализирани.
Интересно, десет часа пред почетокот на реваншот, Јужно-американската фудбалска конфедерација, било соопштенно дека првиот меч одигран во Аргентина, со службени 3:0 го добил Индепендиенте. Сантос е казнет бидејќи на првиот меч во тимот бил Карлос Санчез кој немал право на настап.