Top Sport

Кореа ги крена Атлетико на првото место во Шпанија (видео)

Прекрасниот гол на Анхел Кореа, кој направи сѐ сам во 75. минута, беше доволен Атлетико Мадрид да стигне до минимална 1:0 победа над Реал Бетис и да се искачи на првото место во Ла лига, барем од дербито Валенсија-Барселона.

„Јорганџиите“ се намачија против тимот кој немаше пораз во последните пет меча во Ла лига, но на крајот ги освоија важните три поени за да потврдат дека тимот на Диего Симеоне ќе биде сериозен кандидат за титулата оваа сезона.

Атлетико сега има 15 поени по осум кола во Ла лига, еден повеќе од Барселона, Реал Мадрид и Алавес, од кои Каталонците имаат меч помалку.

Фото: ЕПА

Scroll to Top