Top Sport

Фара го сруши европскиот рекорд во маратон!

Британската атлетска легенда, четирикратниот олимписки шампион на 5.000 и 10.000 метри, Мо Фара стигна до својата прва маратонска победа во кариерата во само третиот маратон, триумфирајќи во Чикаго со време од 2:05:11.

Фара успеа да го победи Етиопјанецот Мосинет Геремев и Јапонецот Сугуру Осако, а времето од 2:05:11 е европски рекорд, трет континентален рекорд за Фара по 1.500 метри (3:28.81) и 10.000 метри (26:46.57). Претходниот европски рекорд беше на Норвежанецот Сондре Нордстад Моен од 2:05:48.

Фара во април постави време од 2:06.21 во Лондон за да го сруши 33 години стариот британски рекорд на Стив Џонс, а минатиот месец по петти пат победи на „Грејт норт ран“.

„Условите не беа најдобри и сите мислеа на тоа, а не на времето, но на крајот успеавме и тоа да го поправиме. Финишот на трката беше прекрасен“, вели Фара.

Кенијката Бригид Косгеи победи во женската трка со време од 2:18:35.

Фото: ЕПА

Scroll to Top