Top Sport

Кориере дело Спорт: Арсенал испратиле понуда за Милинковиќ-Савиќ

Италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“ тврди дека Арсенал е сериозно заинтересиран за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Менаџерот Микел Артета, има намера да го засили тимот со еден играч од редот за врска, а покрај Милинковиќ-Савиќ, во неговиот список се наоѓаат Ив Бисума од Брајтон, Јури Тилеманс од Лестер и Рубен Невес од Вулверхемптон.

Милинковиќ-Савиќ е седум години во Лацио, а за неговото заминување се зборува практично секое лето. Неговиот договор со Лацио истекува за две години, но доколку Лацио добие добра понуда тогаш ќе му дозволи да го напушти клубот.

„Кориере дело Спорт“, тврди дека Арсенал нуди 50 милиони евра, но Лацио бара 65 милиони.

И Њукасл е заинтересиран за Милинковиќ-Савиќ, но италијанските медиуми тврдат дека Србинот не е заинтересиран за оваа опција и дека Арсенал му е попривлечен.

Scroll to Top