Top Sport

Кориере дело Спорт: Конте ќе биде новиот тренер на Баерн

„Кориере дело Спорт“ пишува дека најтрофејниот германски клуб, Баерн Минхен, од наредната сезона за тренер ќе го има Антонио Конте.

Италијанскиот медиум тврди дека актуелниот тренер на Баварците, Нико Ковач, ќе добие отказ иако има реални шанси да ги освои двата домашни трофеи.

Наводно хрватскиот тренер не ги убедил водечките луѓе во клубот, пред сите Ули Хенес и Карл-Хајнц Румениге, дека може да го наметне својот авторитет кај фудбалерите, а најмногу му се забележува раната елиминација во Лигата на шампионите.

Конте е трофеен тренер, кој кариерата ја гради со својот авторитет. Италијанецот каде и да работел го имал главниот збор во соблекувалната.

Тој е слободен да си избере клуб, откако по речиси шест месеци успеа по судски пат да го реши спорот со својот претходен клуб, Челси.

Инаку за услугите на Конте сериозно се заинтересирани два клуба од Серија А, Интер и Рома.

Scroll to Top