Top Sport

„Мурињо извади лист хартија и почна да вади статистика“

Кевин Де Брујне, во едно интервју, открил кога му станало јасно дека треба да замине од Челси, чии менаџер тогаш бил Жозе Мурињо. Челси го донесе Де Брујне од Генк за девет милиони евра, но две години подоцна Мурињо решил да го продаде.

„Се сеќавам, еден ден Мурињо ме повика во својата канцеларија. Извади лист хартија на масата и започна да говори дека имам една асистенција, нула голови и десет освоени топки. Тогаш ми стана јасно дека треба да заминам. Почна да ми ја чита статистиката на останатите играчи од редот за врска. Потоа ме чекаше да му одговорам. Му кажав дека јас имам одиграно три натпревари, а останатите од средниот ред по 15-20 натпревари“, рекол Де Брујне.

Според Белгиецот, тогаш тренерот му рекол дека најдобр би му било да замине, а доколку остане во клубот ќе бил петта опција во редот за врска, само доколку заминел Мата од клубот.

„Тогаш му кажав дека е најдобро да ме продадат, бидејќи сакам да играм, а не да седам на клупата“, рекол еден од најдобрите играчи во светот на својата позиција.

Де Брујне замина од Челси во Волфсбург, а по само една година за сума од 45 милиони евра се врати во Премиер лигата, но во Манчестер сити.

Репрезентативецот на Белгија, во интервјуто открива дека односот што го имал Мурињо кон него, не бил неговиот најтежок период во животот.

„Заминав во академијата на Генг, на спротивниот дел од државата. Ми се смееја поради мојот дијалект. Бев во згрижувачко семејство, таму живеев, а кога заминав дома за празниците мојата мајка ми кажа дека тие луѓе повеќе не сакале јас да бидем кај нив. Рекле дека премногу молчам, дека не можеле да разговараат со мене. Тоа ме мотивираша да станам она што сум денес“, заклучил Де Брујне.

Scroll to Top