Масимилијано Алегри би можел да добие отказ во Јувентус и пред завршувањето на сезоната, открива „Кориере дело Спорт“. Истиот извор тврди дека тренерот имал жестока расправија со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.
Алегри би незадоволен од критиките што клупските челници ги испратиле на негова адреса по поразот од Атлетико во Мадрид (2:0). Тренерот очекувал охрабрувачки зборови, а не жестоки критики.
Недоразбирањата со Ањели би можеле да кулминираат со отказ за него, а „Кориере дело Спорт“ тврдат дека тоа ќе се случи доколку Јувентус биде елиминиран од Атлетико.
Масимилијано Алегри е тренер на Јувентус од 2014 година, има освоено четири трофеи и четири купа и два пати играше во финалето во Лигата на шампионите.