Членот на Сегунда, фудбалскиот клуб Луго, пријави дека 22 лица се заразени со коронавирусот. Вчера и денес во клубот немало никакви активности, во очекување Ла Лига да го одложи денешниот натпревар со Алмерија.
Луго објави дека заразени се 14 фудбалери, седуммина од стручниот штаб и едно лице кое е вработено во клубот.
Луго, во конкуренција на 22 екипи, по 21.коло се наоѓа на 17.место на табелата.
Поради зголемениот број на заразени фудбалери, Фудбалскиот сојуз на Шпанија повторно донесе одлука ракувањето пред натпреварите да не биде задолжително.