Top Sport

Корона-измама: Вчера имале 25 заразени со Ковид 19, денес сите се здрави!

Чудни информации стигнуваат од казахстанскиот клуб, Кајсар Кизилорда.

Откако вчера проструи информацијата дека 25 фудбалери на овој клуб се позитивни на коронавирусот, денеска од клубот информираа дека сите се излекувани.

Тоа е официјалната информација која се појави на сајтот на клубот што остави сомнеж дека нешто тука е „валкано“.
10 првотимци и уште 15 јуниори кои биле позитивни на коронавирусот експресно добиле негативни тестови.

„Целиот тим на Кајсар успешно го помина тестот, играчите се во добра кондиција и подготвени за продолжението на првенствоо“ стои во соопштението од клубот.

Во него не се појаснува како фудбалерите „така брзо оздравеле“, откако нивниот тренер, Бугаринот Стојчо Младенов сопшти дека се инфицирани.

Првенството на Казахстан продолжува денеска, па некои клубови сакале да се пролонгира стартот, а други, очигледно, направиле се за тоа да стартува.

До сега во Казахстан има 22.000 заболени со Ковид 19, а починати се 188 луѓе.

Scroll to Top