Top Sport

Алегри денеска заврши со „Старата дама“, се враќа на тренерскиот пазар!

На италијанскиот тренер Масимилијано Алегри му истече договорот со Јувентус и може да му се врати на фудбалот.

Алегри минатото лето си отиде од клубот од Торино иако имаше уште една година од договорот со „црно-белите“, а на неговото место дојде Маурицио Сари

Договорот на Алегри истекува денеска, а Јуве нема обврска да му исплати 7 милиони евра, пренесоа италијанските медиуми.

Алегри од 2014 до 2019 ја предводеше „Старата дама“ и тоа до 5 титули во Серија А, четири Купа на Италија, два Суперкупа на Италија и до две финалиња во Лигата на шампиони.

Scroll to Top