Тимо Вернер може да остане во РБ Лајпциг и следната сезона поради хаосот кој го предизвика корона вирусот, признава спортскиот директор на бундеслигашот, Маркус Кроше.
Германскиот репрезентативец постигна 21 гол во 25 меча во Бундеслигата оваа сезона, а за него беа заинтересирани повеќе клубови од Премиер лигата, а самиот 24-годишен фудбалер изјави дека сонува да игра за клубот од „Енфилд“. Тој има договор со Лајпциг до 2023.
„Јасно е дека Тимо привлекува интерес од многу клубови со неговите перформанси оваа сезона, но Англија има проблеми исто како и ние. Кризата не влијае на една лига, туку на сите и не можеме да сметаме дека ситуацијата ќе биде нормална за шест месеци. Не знаеме каков ќе биде пазарот на фудбалери“, вели Кроше.
Покрај заминувањето на Вернер, корона вирусот ги компликува и другите планови на Лајпциг – позајмицата на Анџелино од Манчестер сити и постојаниот трансфер на Патрик Шик од Рома.