Тимот на Виве Кјелце по 17 пат е ракометен шампион на Полска, откако националната ракометна федерација реши да ја прекине сезоната поради корона вирусот.

Кјелце и така беше на пат до нова убедлива титула, откако во 25 кола во националниот шампионат имаше само еден пораз. Второто место им припаѓа на Висла Плоцк, а во женска конкуренција шампион стана МКС Лублин.

„Најважно е здравјето на сите учесници во ракометните натпреварувања. Нашите екипи не тренираат и не се знае кога ќе почнат. Одлуката не беше лесна, но беше исправната. Ќе бидеме посилни следната сезона“, изјави претседателот на федерацијата, Марек Јаницки.