Top Sport

Корона во Хофенхајм, цел тим е во изолација

Германскиот бундеслигаш, Хофенхајм е во проблеми, од денеска целиот тим е во изолација откако се појавиле три нови случаи на позитивни со коронавирусот.

Заразени се Себастијан Руди и Исак Белфодил, како и еден член на стручниот штаб. Ќе се повтори резултатот на уште еден член на клубот затоа што резултатот бил нејасен.

Од претходно, Јакоб Брун Ларсен и Мунас Дабур се позитивни на Ковид 19 откако се приклучија на репрезентативните обврски, во Данска односно во Израел.

И минатата недела имаше позитивни во редовите на Хофенхајм, заразени беа еден фудбалер и член на стручниот штаб.

Хофенхајм се натпреварува и во Лига Европа, во група е со белградска Црвена Звезда. Пред гостувањето во Белград кое е предвидено за почетокот на идниот месец, екипата ја очекуваат дуели со Штутгарт, Слован Либерец и Мајнц.

Scroll to Top