Репрезентативецот на Шкотска, Били Гилмор, поради позитивен ковид-тест ќе го пропушти натпреварот против Хрватска, на Европското првенство. Шкотска и Хрвтаска по првите две рунди освоија само по еден бод. Натпреварот во вторник е клучен и за двете репрезентации.Победа ќе ја однесе Шкотска или Хрватска во наредната фаза, со нерешено двете селекции ќе испаднат од турнирот.
Гилмор, блескаше во претходното коло против Англија. 20-годишникот од Челси, против Англија, прват беше стартер за Шкотска. Иако беше заменет во финишот, Гилмор беше прогласен за играч на натпреварот.
Гилмор се наоѓа во задолжителен десет дневен карантин.