Top Sport

Короната го „уништи“ Дел Бомбо – го продава тапанот за да има што да јаде

Најпознатиот навивач на шпанската фудбалска репрезентација, Маноло ел дел Бомбо вели дека мора да го продаде својот тапан поради тешката економска ситуација во која се наоѓа поради корона вирусот.

Мануел Касерес Артесеро, попознат како „Ел дел Бомбо“ патува насекаде со шпанската репрезентација и со втората голема страст, Валенсија, по што отвори кафе-бар во близината на „Месталја“, кој претставува еден вид на фудбалски музеј.

Но, по рестриктивните мерки на шпанската влада која ги затвори кафеаните, тој признава дека не може да преживее и дека го поставил и својот славен тапан на продажба.

„Без приходи поради барот имам пензија од 800 евра и 420 евра хипотека. Загубив многу пари во последните месеци и ќе морам да го продадам тапанот за да можам да јадам, иако претходно изјавив дека не го давам за сите пари на светот. Не знам што ќе правам“, вели 71-годишниот Маноло во интервју за „ЦВ радио“.

Scroll to Top