Напаѓачот на Пари Сен Жермен Килијан Мбапе нема да го напушти клубот по завршувањето на сезоната, пишува „Лекип“. Коронавирусот го закочи неговиот можен трансфер во Реал.
Според овој извор поради финансиската криза Реал нее во можност да издвои преку 150 милиони евра за Мбапе. Поради тоа напаѓачот ќе остане во Париз уште една сезона, а Реал ќе се обиде да го ангажира наредното лето.
Мбапе има договор со ПСЖ до 30 јуни 2022 година.