Top Sport

Коронавирусот одложи уште еден натпревар во Премиер лигата

Пет од предвидените шест натпревари во Премиер лигата се одложени. Последен клуб кој пријави голем број на заразени со коронавирусот е Астон Вила. Челниците на лигата во последен момент го одложија дуелот на Вила со Барнли.

Претходно, Премиер лигата ги одложи дуелите: Манчестер јунајтед-Брајтон, Саутемптон-Брентфорд, Вотфорд-Кристал Палас и Вест Хем-Норич. Исто така, одложен е и утрешниот дуел на Евертон и Лестер.

Како сега стојат работите, како најдобар се покажа предлогот на менаџерот на Брентфорд, Томас Франк, да бидат одложени наредните две рунди, во англиската Премиер лига.

Scroll to Top