Иако УЕФА направи неверојатен компромис и на ФК Приштина и дозволи со привремена регистрација на фудбалери од други клубови да го одигра натпреварот против Линколн во предквалификациите за Лига Европа, сепак поради коронавирусот дуелот повторно не се одигра.
УЕФА го одложи мечот кој требаше да се одигра пред три дена откако неколку играчи на Приштина биле позитивни на коронавирусот. Новиот меч требаше да се одигра во сабота во 18 часот, меѓтоуа фудбалерите на Приштина се во карантин бидејќи тестовите што им биле направени на играчите по пристигнувањето во Гибралтар покажале дека осуммина се позитивни на Ковид-19.
По новото одложување на натпреварот јасно е дека УЕФА ќе го регистрира мечот со службен резултат, што значи дека Линколн ќе игра во првото квалификациско коло во Лига Европа.