Top Sport

Младинците на Бенфика и Реал во финалето во ЛШ

Бенфика и Реал Мадрид ќе се борат за трофејот во младинската Лига на шампиони. Финалниот меч на програмата ќе биде на 25 август во Нион.

Бенфика во полу-финалето го победи Ајакс со 3:0. Головите за португалскиот клуб ги постигнаа Араухо, Емболо и Дантас.

Младинците на Реал пласман во финалето изборија со победата од 2:1 во дуелот со Слацбург. Латаса и Гутиерез ги постигнаа головите за реал во првиот дел, а Салцбург успеа само да намали со гоот од пенал што го постигна Сушиќ.

Scroll to Top