Фикајо Томори пред реваншот против Челси, ветуваше „одмазда“ против својот стар клуб, но дефанзивецот на Милан стана трагичар на „Сан Сиро“, откако доби црвен картон по само 20 минути игра.
Томори се обидуваше да го спречи Мејсон Маунт да стигне до голот на Татарушану, по што не само што беше досуден пенал, туку и англискиот дефанзивец доби директен црвен картон во малку необична одлука. Жоржињо без проблем го донесе Челси во водство.
Fikayo Tomori just received a red card for this…
— Bad Man Betting (@BadManBetting) October 11, 2022