Top Sport

Кошмарна австриска посета за Мурињо – тренерот го копираше, новинарката го нервираше

Жозе Мурињо вчера имаше многу лоша вечер во Салцбург, каде што неговата Рома во баражот во Лига Европа прими гол во 88. минута за Ред бул Салцбург да запечати победа од 1:0.

Сол на раната дотури младиот 34-годишен тренер на Салцбург, Матијас Јаисле, кој реши да ја копира славната прослава на Мурињо од „Олд Трафорд“, кога со Порто во 2004 година го елиминираше Манчестер јунајтед. Неговата реакција на клупата беше интересна.

За работата да биде полоша на крајот на мечот, австриската новинарка по крајот на мечот го праша Мурињо: „Зошто вечерта не беше специјална за ‘Специјалниот’“. Мурињо прво се правеше дека не го слушнал прашањето, а потоа по вториот обид, изјави дека не го сфаќа прашањето.

@emilschwaiger #josemourinho #thespecialone #asroma #redbullsalzburg #schwarzfahren #öbb #zug #fahrscheinkontrolle ♬ Originalton – Emil Schwaiger

Scroll to Top