Top Sport

Кошмарно деби на Игуаин

Гонзало Игуаин имаше кошмарно деби за Интер Мајами. Аргентинецот пред две недели го раскина договорот со Јувентус и како слободен играч се пресели во тимот каде еден од сопствениците е Дејвид Бекам.

Интер Мајами изминатата ноќ доживеаја пораз оф 3:0 во Филалделфија. Игуаин при резултат 2:0 промаши пенал. Неговиот удар заврши високо над голот.

По промашениот пенал наседна на провокациите од противниците, па влезе во вербална комуникација со нив.

Интер Мајами во првите 14 натпревари имаат само три победи и се наоѓаат на претпоследното место во Источната конференција.

Покрај Игуаин во преодниот рок во Интер се пресели и неговиот соиграч од Јувентус Блез Матуиди.

Scroll to Top