Top Sport

Буш прв пат победи во родниот Лас Вегас

Курт Буш победи на трката „Саут Поинт 400“ на патеката во Лас Вегас во рамките на плејофот во Наскар шампионатот со што си обезбеди место во полу-финалето.

Првата победа за Буш во 2020 година воедно е и прва победа за него во родниот Лас Вегас.

Без оглед на пласманот во последните две трки, во Таладега и Шарлот, Буш си обезбеди место во полу-финалето.

Буш во последните 25 кругови водеше голема борба со Мет Дибенедето, успеа да се одбрани и да забележи победа.

Трет трката во лас Вегас ја заврши Дени Хемлин, зад него беа Мартин Труекс и Алекс Боуман.

Scroll to Top