Top Sport

Кошмарно деби на Смолинг за Ал-Фајха

Поранешниот англиски репрезентативец, Крис Смолинг, имаше кошмарно деби во дресот на Ал-Фајха, инаку последнопласиран на табелата во првенството на Саудиска Арабија.

Ал-Фајха доживеа пораз од А-Раед со 0:5. Смолинг се „истакна“ со авто-гол и црвен картон.

Смолинг, во шестата минута од натпреварот со несмасна интервенција си постигна авто-гол. Ал-Фајха до крајот на првиот дел прими уште два гола.

По само 10 минути игра во второто полувреме, поранешниот играч на Рома, доби директен црвен картон за остар старт.

Со играч помалку на теренот, играчите на Ал-Фајха примија уште два гола и на крајот го претрпеа најтешкиот пораз откако се натпреваруваат во елитната саудиска лига.

Scroll to Top