Top Sport

Кошмарот стана реалност. Екетике ја скинал Ахиловата тетива

Најлошото сценарио за напаѓачот на Ливерпул, Уго Екитике стана реалност.

Фудбалерот на Ливерпул, синоќа прптив ПСЖ, го заврши натпреварот во солзи, теренот го напушти на носилки. Јасно беше дека станува збор за сериозна повреда, бидејќи се поведи без да има дуел со противнички фудбалер.

Лошите вести потврда добија претпладнецво. Уго Екитике ја скинал Ахиловата тетива на десната нога и го чека долга пауза и закрепнување. Според првите проценки, Екитике нема да може да игра помеѓу шест и девет месеци.

Покрај фактот дека сезоната за него е завршена за него, уште потешко е за самиот играч е што ќе го пропушти Светското првенство, кое започнува за два месеци.

Дополнителен проблем за селекторот на Франција, Дидие Дешан, е повредата што ја заработи Дезире Дуе (ПСЖ) на истиот натпревар. За него нема информации за степенот на повредата.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');