Top Sport

Косиелни пред потпис со Бордо

Поранешниот капитен на Арсенал, Лорен Косиелни е во Франција, каде што се чека медицинскиот тест за да потпише со Бордо за само 5 милиони евра, тврдат француските и англиските медиуми.

Дефанзивецот Косиелни не ја криеше желбата да се врати во својата татковина ова лето, откако иако имаше една година од договорот со „топчиите“, одбивајќи да оди на американската турнеја со клубот.

Заминувањето на 33-годишниот Косиелни го остава менаџерот на Арсенал, Унаи Емери со многу проблеми во одбраната, каде што ќе мора да се потпре на Шкодран Мустафи. Косиелни пак, се враќа во Лига 1 по девет години во Премиер лигата.

Scroll to Top