Top Sport

Надал: Беше подобро кога немаше Фејсбук и Инстаграм

Користењето на социјалните мрежи од страна на врвните светски тенисери одеднаш стана тема ова лето откако претходно Хуан Карлос Фереро и Франко Давин посочија дека спортистите сега не се толку посветени на спортот токму поради оваа причина, а сега и Рафаел Надал се согласува со нив.

„Кога бевме помлади тенисери имавме енергија за други работи бидејќи немаше социјални мрежи и не моравме постојано да бидеме пред лаптопот. Имаше повеќе контакт меѓу тенисерите, тоа е сигурно. Јас пораснав без тој нов свет на социјални мрежи и добро е што е така. Но, од друга страна времињата се менуваат и мораме да се адаптираме“, вели Надал.

Со ова тврдење се согласува и шампионката од Вимблдон од 2013 година, Французинката Марион Бартоли.

„Мислам дека нашата генерација беше попостојана на тренинзите и сметам дека повеќе време поминувавме на теренот. Сега има нова генерација и тоа е нешто што се случува во секојдневието и тенисерите живеат така сега. Сите се на Инстаграм, Снепчет, Твитер…“, вели Бартоли.

Scroll to Top