Фудбалерите на загребски Динамо синоќа со 1-0 славеа на домашен терен против Горица во првиот меч од 5. коло од домашниот шампионат, но непосредно по завршувањето на мечот имаше непријатни сцени на „Максимир“, Косовскиот интернацоналец Лирим Кастрати се сруши на теренот.
Веднаш притрчале клупските лекари и му помогнале да дојде при светс. За среќа се се завршило добро, а потоа стигна и службено соопштение од Динамо:
„По завршувањето на мечот меѓу Динамо и Горица на стадионот `Максимир`, играчот на Динамо Лирим Кастрати почувствува слабост и му е пружена лекарска помош на теренот. Играчот е пренесен до соблекувалната каде клупската лекарска служба ги направи сите потребни прегледи и установено е дека играчот бил исцрпен, а до слабост дошло поради голем замор и пад на шеќерот во крвта. Проверени се сите важни параметри, а Кастрати е под надзор на доктор. Неговата здравствена состојба е во ред“ порачаа од таборот на „модрите“.
На синоќешниот меч во дресот на Диамо настапи македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски, а поради повреда во составот не беше капитенот на тимот, Аријан Адеми.