Top Sport

Навратилова: „Големата тројка“ нема доволно убедливи наследници

Мартина Навратилова – некогаш првата светска тенисерка смета дека играчите од новата генерација не се доволно добри за да бидат наследници на „големата тројка“ – Федерер, Надал, Ѓоковиќ!

Овие тројца во изминатите 20 години заедно освоија 60 грен слем титули и 100 трофеи од турнирите од Серија 1.000.
Навратилова, која во кариерата освои 18 грен слем титули, смета дека нивните наследници не се доволно убедливи.

Доминик Тим, Стефанос Циципас, Александер Зверев и Данил Медведев заедно имаат само 4 Мастерс титули и само 1 грен слем трофеј.

„Кога сите овие играчи би ги ставиле да гаѓаат во мета, на тренинг, без притисок, Рафа би погодил повеќе од другите. Мислам дека овие момци треба да играат значително над своето ниво за да стигнуваат до финале, нивниот просечен ден не е така добар“ смета Навратилова.

Таа смета дека сите тие имаат уште многу простор за да напредуваат.

„Ако сте биле во Топ 10 без напредување за 4 или 5 години, можеби сте го нашле своето ниво. Се уште не е доцна за нив, да напредуваат. Како ќе им расте играта, така и самодовербата и тогаш тие ќе бидат тие кои имаат ментална сила на своја страна“ заклучува Навратилова.

Scroll to Top