Top Sport

Косовецот Рашани е херој на Клермон – два гола за поен кај Лион во 91. минута

Косовецот Елбасан Рашани постигна два гола во последните пет минути игра за новиот француски прволигаш, Клермон да успее да стигне до неверојатно 3:3 реми кај Лион, еден од клубовите кој треба да го предизвика Пари Сен-Жермен оваа сезона во француската Лига 1, оставајќи го без победа по три кола.

Муса Дембеле им донесе водство уште во петтата минута со гол од пенал, но само седум минути подоцна, тимот на Петер Бос си постигна автогол преку Синоле Диоманде за израмнување.

Дембеле ја врати предноста во 21. минута, а поранешниот фудбалер на Милан, Лукас Пакуета во 43. минута зголеми на 3:1. Дека Клермон не се „залутани“ во елитата, покажаа со притисокот во финишот на мечот, кога намалија на 3:2 преку Косовецот Елбасан Рашани во 80. минута, пред тој во 91. минута да го упати и израмнувачкиот гол.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top