Top Sport

Коста: Гризман сега не треба да ме остави сам

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста вели дека би бил пресреќен ако неговиот колега Антоан Гризман остане кај „јорганџиите“ и покрај шпекулациите за трансфер во текот на летото.

Гризман беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед минатото лето, додека оваа година се постојани шпекулациите дека Барселона веќе го смета во својот состав. Гризман има актуелен договор до 2022 година, и Коста, кој се врати од Челси официјално во јануари, вели дека без него тимот е поинаков.

„Тој знае дека е важен играч за Атлетико. Сакаме да остане така. Јас навистина би сакал тој да остане, но сам ќе си ја направи одлуката. Ме повика кога се зборуваше дека ќе се вратам во Атлети, и сега не смее да ме остави сам“, вели Коста.

Коста официјално се врати во Атлетико од Челси во јануари по конфликтот со тренерот на „Сините“, Антонио Конте, но не играше во првиот дел од сезоната поради трансфер-забраната која ја имаа Атлетико. Од јануари тој постигна шест гола во 14 настапи во сите натпреварувања и беше повикан во шпанската репрезентација првпат од јуни 2016 за пријателските мечеви со Германија и Аргентина.

Фото: ЕПА

Scroll to Top