Интимни фотографии на бразилските фудбалери Габриел Жесус (актуелен играч на Манчестер Сити) и Диего Коста (во моментов настапува за Атлетико Мадрид, претходно беше дел од Челси) испливаа во британските медиуми, а наводно биле оставени во библија, во продавница во Лондон
Ова е веста која изненади многумина на Островот. На фотките се Жесус и Коста и тоа полуголи, со мистериозна жена, чиј идентитет не е познат.
До фотките прв дојде британски „Сан“, а се истакнува дека библијата каде што се наоѓале фотографиите биле најдени во кеса која непозната жена случајно ја оставила во продавница за добротворни прилози.
„Веднаш на фотките ги препознавме Коста и Жесус. Интересно е што се во друштво на истата жена. Насмеани се и изгледаат максимално опуштено во нејзино друштво, со перниците“ навел извор на „Сан“.
Кесата со библијата наводно била оставена уште во мај годинава, а била откриена минатава недела кога се средувала продавницата.
„Жената која ги оставила работите е од Шпанија или од Латинска Америка. Рекла дека нејзиниот пријател ја напуштил Велика Британија, па решила да подари некои негови работи. Никогаш не се вратила во продавницара“ потенцира изворот.
Жесус до неодамна беше во врска со бразилскиот модел, Фернана Кеирош, а Диего Коста е оженет и има две ќерки.
Diego Costa And Gabriel Jesus Topless In Bed With Same Mystery Woman
The pictures were instantly recognisable as Jesus and Costa! https://t.co/Y1g053x3CG
— Greg O. Afamah (@AfamahGreg) December 20, 2020