Алесандро Костакурта, легендарниот долговечен дефанзивец на Милан во интервју за „Скај спорт Италија“ зборуваше за бразилскиот Роналдо, човекот кој најтешко се чувал и поради кој „честопати завршував на задникот“.
Популарниот „Ил феномено“, како што го нарекуваа навивачите на Интер, беше кошмар за одбранбените играчи и не беше различно со Костакурта, кој дури подоцна и му беше накратко соиграч во Милан во 2017 пред да се пензионира.
„Сите дефанзивци од мојата генерација како Паоло Малдини, Алесандро Неста и Фабио Канаваро ќе ви кажат дека најтешко беше да се внимава на бразилскиот Роналдо. Пред сите мои мечеви спиев мирно, освен кога требаше да играм против него. Тој беше силен и те правеше да изгледаш смешно: беше мал серко, уживаше да не гледа дефанзивците како паѓаме на земја. Јас честопати завршував на задникот“, коментира Костакурта.
Кога Костакурта, еден од најцврстите момци во својата генерација, не успеваше да го сопре нормално Роналдо, следуваа вакви стартови.