Top Sport

„Вембли“ блесна со италијанската тробојка

Славниот фудбалски храм „Вембли“ вечерва светеше во боите на италијанското знаме, на денот кога требаше да се одигра пријателскиот меч помеѓу Англија и Италија, кој, секако, е одложен поради корона вирусот.

Дуелот на двете репрезентации кои во минатото биле светски шампиони, требаше да биде дел од подготовките за Европското првенство во 2020, кое, исто така е одложено за следната година. Покрај тоа, двете земји во периодов се во „карантин“ поради болеста.

„Можеби не го делиме теренот вечерва, но стоиме заедно и обединети во ова тешко време“, објавија на Твитер профилот на англиската репрезентација.

Ова всушност беше пораката напишана на италијански пред стадионот: „Siamo separati, ma siamo insieme. Forza Italia“.

Scroll to Top